Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Тешко се стекнува, но лесно се губи. Нарушената доверба во банкарскиот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешко се стекнува, но лесно се губи. Нарушената доверба во банкарскиот систем  ќе биде најголема последица во ситуацијата со Алта банка. Банкарот со децениско искуство, Глигор Бишев вели дека најбезболно решение за „Алта банка Битола“ е продажба, но многу подолг и посложен процес е да се врати довербата кај клиентите. Тој смета дека и Народната банка го знае ова, па затоа и носи мерки кои беа воведени во последниве 12 дена. Според него, на „Алта банка“ која е моментално под администрација на Народната банка под итно и треба нов сопственик. Сепак, вели постојат законски рокови и процедури кои мора да се испочитуваат, а ако станува збор за странски инвеститор, потребни се дополнителни дозволи и согласности.

„Во принцип, законот предвидува 60 дена за реализација на трансакцијата. Доколку станува збор за странски банки, потребно е да се обезбедат дозволи од нивниот матичен регулатор и од Народната банка на Република Македонија. Меѓутоа, треба да знаеме дека централните банки меѓу себе комуницираат, а исто така и регулаторните органи. Доколку постои интерес, двете страни би нашле решение“ – вели Бишев.

Упатените во банкарскиот систем веќе предупредија дека хистеријата и паниките кои се шират за политички цели е многу лошо сценарио, особено во ваков случај кога за банката се преговара со заинтересирани купувачи, а надлежните преземаат мерки за таа да продолжи нормално да функционира. По подигање на лимитот за користење пари на 15 илјади денари, отворени повеќе екзпозитури и функционално електронско работење, преку битолската банка веќе се исплаќаат и плати и придонеси. Исто така, непречено може да се изврш уплата и на соодветните даноци и придонеси кај надлежните институции.  Притоа сумата за исплата може да биде до најмногу 5% повисока од онаа за исплата на плати во октомври. Ова се однесува за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Од Народната банка велат дека на овој начин од една страна се исполнуваат обврските на фирмите кон вработените и државата, а од друга, се контролираат одливите на пари од банката. Кога ќе им легнат парите на сметка во Алта банка, граѓаните ќе можат платите да си ги подигнат во целост.