Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон во Елисејската палата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на свечена вечера во Елисејската палата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на свечена вечера во Елисејската палата во Париз, приредена од претседателот на Француската Република Емануел Макрон, во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваа на Парискиот мировен форум.

Како што информира Сиљановска-Давкова во објава на „Фејсбук“, во пријателска атмосфера разговорите од Форумот продолжиле и за време на вечерата, при што биле разгледани дел од темите за кои се дискутирало на Форумот.

„Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“, наведува претседателката.

Реклама

Макрон е иницијатор на Парискиот мировен форум, на кој се отвораат прашања поврзани со глобалниот мир, меѓународната соработка и актуелните геополитички предизвици.