Високата цена на струјата, растотот на цената на енергенсите и немањето доволно капацитет за производство на струја од обновливи извори во Европа, опасност за зголемена инфлација. Македонија е дел од Европа, но засега добро се справува со кризата. Македонските граѓани имаа релативно ниски цени на струјата, а Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија подготвена ќе ја дочека зимата. На брифинг со новинарите, Пермиерот информира дека владата презема мерки за константно снабдување со електрична и топлинска енергија по пристапни цени. Иако енергетските компании во нивните пресметки за креирање на крајната цена до потрошувачите побарале повисоки цени, Мицкоски вели дека нема да се дозволи драстично покачување на цената на струјата. Во моментов струјата на европските берзи се продава по три пати повисока цена од претходно, додека пак во Македонија, пред се поради доброто менаџирање со домашните производствени капацитети, граѓаните куртулија од повисоки цени. За да се задржи ценовната стабилност, оваа зима, Македонија во целост ќе треба да се снабдува со струја од дома. За таа цел, трите блока во РЕК Битола ќе бидат подготвени за производство на струја. Јагленот ќе се носи од Косово, а за непречено одвивање на транспортот се прави времен граничен премин кој ќе овозможи непречен проток од 200 камиони на ден кои ќе го носат до Битола. Премиерот информира и дека ТЕЦ Неготино е во одлична кондиција. Таа се чува како ладна резерва, а оваа зима и ќе се вклучи во системот за производство на струја. За непречено снабдување со мазут, веќе се прави реконскструкција на пругата до ТЕЦ Неготино, со што ќе се обезбеди непречен дотур на мазут од солунското пристаниште. Претходно, мазутот се носеше со камиони, но оваа година се бира поефтин и пекономичен транспорт. Ќе се активираат реконструираните локомотиви на МЖ Транспорт, кои ќе треба да ги донесат вагоните со мазут, со што се постигнува пониска цена на превоз на мазутот и крајна пониска цена како суровина за производство на електрична енергија. На овој начин цената на струјата во Македонија ќе остане ниска. Во моментов цената на светските берзи на струјата изнесува над 350 до 400 евра за мегават час. Струјата произведена од ТЕЦ неготино, би била поефтина од берзанската и би изнесувала 200 евра за мегават час произведена електрична енергија. Премиерот Мицкоски дополнува. Владата и понатаму ќе остане посветена во целост на заштита на стандардот на граѓаните. Па затоа уште од сега се прават напори за цената на енергенсите да остане стабилна, а граѓаните и стопанството да немаат ценовни шокови од скапи енергенси. Целта е македонската економија да остане во добра кондиција. Македонија и понатаму треба да остане држава со најнниска цена на горивата во Европа. Во моментов, цената на дизелот кај нас е околу 1,5 евра, а во регионот и некои земји од ЕУ достигнува и над 2 евра. На овој начин, со најниски цени на енергенсите, македонските производи ќе бидат поефтини од една страна, а од друга страна борбата е да се задржи инфлацијата во рамки на проекциите. Во моментов инфлацијата во Еврозоната и ЕУ е над 4 проценти, додека во Македонија, последните податоци за октомври покажаа инфлација од 3,3%. За заштита на стандардот на граѓаните, ќе се преземат мерки доколку има неоправдано поскапување на основните производи.