Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На претходното рочиште Јавното обвинителство истакна сериозни забелешки на трите вештачења и на директното и на вкрстеното сослушување на градежниот вештак Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, оценувајќи дека Русески не ги исполнува законските и стручните услови, како и методолошките стандарди неопходни за едно вештачење да претставува објективно и веродостојно доказно средство.

Одбраната на обвинетата Милка Едровска, инженерка од фирмата „Венци проект“, чија документација првообвинетиот Дејан Јованов ја користел за решенија и лиценци, пак, преку сведочењето на техничкиот советник Османли Јорго отвори прашања за правната валидност на основниот проект од 2012 година тврдејќи дека станува збор за делумна документација, која не била ревидирана и немала клучна улога во добивањето на лиценците.

Реклама

Техничкиот советник Османли Јорго, кој го изготвил вештиот наод и мислење на барање на Едровска, пред судот истакна дека документот изготвен во 2012 година од обвинетата Едровска преку „Венци проект“ и со наслов „Основен проект“ претставува само делумна и непотполна проектна документација која ги нема сите фази предвидени со Законот за градењето. Според неговиот исказ, внатрешното уредување и организација на објектот биле извршени пред изрботката на предметниот документ од Милка Едровска.

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во изјава за медиумите реагираа на исказот на вештакот на „Венци проект“, според чие тврдење проектната документација била изработена пред реконструкцијата на „Пулс“.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.