Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Да не се шират лажни информации за реновираниот  студенски дом „Стив Наумов“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да не се шират лажни информации за реновираниот  студенски дом „Стив Наумов“. Делегацијата на ЕУ во Македонија, реагира по обвинувањата на опозициската СДСМ и објавите на социјалните мрежи за лоши услови за престој на студентите во овој дом. По директниот увид од страна на министерката Јаневска, проверка на условите во „Стив Наумов“ направија и претставници од Брисел.  Со оглед на тоа што домот е  реновиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија, се потсетува дека објектот е се уште во гарантен рок. Од Делагцијата порачуваат – фотографии или изолирани инциденти не секогаш ја прикажуваат целосната слика, па затоа заклучоците треба да се засноваат на утврдени факти.

„Доколку се утврдат какви било градежни недостатоци или технички проблеми, тие треба да се пријават преку соодветните канали, по што ќе бидат разгледани и отстранети од страна на одговорните изведувачи на работата.Решавањето на реални проблеми и презентирање точни информации се од суштинско значење за заштита на интересите на студентите и за одржување на јавната доверба. Студентите имаат полно право да изразат загриженост, и тоа треба да се сфати сериозно. Подеднакво важно е да се осигури дека информациите што се споделуваат во јавноста се точни и соодветно проверени.“ – се вели во соопштението на Европската Унија.

Претходно и Министерката Јаневска направи увид во реновираните простории и апелираше до семјствата на студентите да не подлегнуваат на политички дезинформации.  И таа посочи дека  е можно да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека објектот е под гаранција и сите евентуални дефекти ќе бидат отстранети.

Реклама

Студентскиот дом официјално ги отвори вратите во септември оваа година по неговата темелна реконструкција .Надлежните најавија дека ќе се реконструираат вкупно 9 студентски домови низ државава. Тоа е и дел од владината стратегија за младите да останат тука и да учат во сопствена земја.