Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Економија

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

СДСМ да не остане покусо му возвратија со кривична пријава на Трајко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ да не остане покусо му возвратија со кривична пријава на Трајко Славески. Но не само гувернерот, и други службени и одговорни лица во Народна Банка постапиле несовесно и ја злоупотребиле службената положба во случајот „Алта банка“, исто како и Славески, тврди опозициската партија. И не е само тоа, СДСМ бара Народна банка приверемено да биде без гувернер. Судот и обвинителството сите пријавени да ги ставеле под мерки, па и да не одат на работа за да не уништеле некакви документи или пак да влијаеле врз некакви си сведоци.

  • „Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот. Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата“ рече Александар Саша Димитријевиќ – Генерален секретар на СДСМ.

Кривичната на СДСМ доаѓа ден по пријавата на гевернерот против претседателот на сдсм Венко Филипче, генералниот секретар Александар Саша Димитриевиќ, а посебна кривична пријава заработил и секретарот за меѓународна соработка Андреј Жерновски. Славески ги пријави поради „расфрлањето перја“ со непоткрепени обвинувања поврзани со „АЛТА банка“ АД Битола.  

Но, обвинителството засега само ја следи ситуацијата. Истрага не е отворена, а дали има предистражни дејствија не откриваат. По републичкиот обвинител, и новата шефица на ОЈО за ГОКК вели дека само од докази може да произлезе кривично гонење за случајот „Алта Банка“.

Реклама
  • „Бидејќи за да имате обвинителски став мора да видите материјал, да видите со што располагате без оглед на она што може да се зборува во јавноста и да кружи или да произлегува од некакви новинарски написи. Се рабзира, доколку имаме посериозни траги или основи, новинарските истражувања ни значат и помагаат, доколку дојдеме до тој моментум, сите овие теми се следат будно и не обврзуваат. По оној основ по допрен глас исто така се разговара често, да почнеме да преземаме мерки, но за да имате обвинителски став треба да имате нешто. Пред вас во овој момент се разбира тие се случувања коишто како орган на кривичен прогон ги следиме“ – рече Хаџи Василева.

Од избивањето на случајот со Алта банка, во повеќе наврати Народната банка, премиерот и експертската јавност предупредуваа дека лидерот на СДСМ Венко Филипче, со своите прес конфренции и јавни настапи не само што не помага, туку намерно шири паника со цел зголемување на стравот кај граѓаните. Ваквиот страв резултираше тие да потрчаат на шалтерите и банкоматите за да си ги подигнат сите средства, со што можеа да ја доведат банката до банкрот. Токму заради тоа Народната банка мораше да интервенира и да ја преземе контролата врз банката.