Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Во време на глобална економска и енергетска криза, странските гости не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на глобална економска и енергетска криза, странските гости не се откажуваат од Македонија. Турци, Срби, Германци и Пољаци се меѓу најброните во земјава, која кај дел од нив останала на врвот на желбите за посета. Ова го потврдуваат податоците од Државниот завод за статистика, кој регистрирал над милион гости за само девет месеци и зголемување од 3 проценти споредено со истиот период лани. Но, растот се должи пред се на странските гости кои ја посетиле земјава и решиле да преноќат. Па така во првите девет месеци од годинава, борјот на странски гости е зголемен за 3 проценти, додека пак бројот на ноќевања на странците е поголем за 4,6 отсто споредено со истиот период лани. Овие бројки се охрабрувачки за туристичкиот сектор, бидејќи државата пребројала над милион туристи за само девет месеци, што е раст од 3 проценти на странски гости споредено со истиот период лани. Но раздвижување има и кај домашните туристи. Статистика бележи зголемување од 2,8 отсто, а бројот на ноќевања е зголемен за 2,4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика само во септември оваа година,  Македонија ја посетиле 136.305 туристи. Најголем дел од нив, односно три четвртини биле странски гости, а секој четврти турист бил од Македонија. Во септември биле остварени 264.370 ноќевања. Домашните гости оствариле повеќе ноќевања во споредба со истиот месец лани, додека кај странските туристи бројката е намалена.

Според информациите на месечно ниво, повторно најголем број посетители во земјава од страна на турски гости, за кои Македонија претставува една од поважните дестинации кога станува збор за одмор, но и за рекреација. По нив следуваат соседите од Север и гостите од Германија.

Реклама

Резултатите од зголемениот број на туристи се должат  на досегашните активности на македонската Влада која во изминатиот период успеа да воведе низа директни авионски линии од Скопје и од Охрид. На почетокот од годинава Вицепремиерот и Министер за Транспорт Александар Николоски најави воедување на нови директни авионски линии, а нивната реализација во минатиот период успеа Македонија да ја остави високо на интересот на странците. Па странските гости не изостанаа, иако имаше стравувања од пропаст на туристичката сезона по почетокот на војната на Блискиот Исток. 

Со директни линиите од охридскиот аердром беа поврзани два полски градови. Нова авио линија од Вроцлав која стартуваше на почетокот на сезоната и враќање на авионот Катовице. Некој месец порано Охридскиот аеродром беше директно поврзан и со нова Линија од и до Милано, со што го зголемија бројот на странси туристи во туристичкиот бисер на Македонија. До Скопскиот аеродром од месец март во функција беа линиите Неапол и Будимпешта, а се воведоа малку подоцна и дректни летови до Палермо и Алегро до Италија и Трабзон и Самсун во Турција. За следната година дговорено е враќање и на летовите кон ОАЕ, а се отвора и директна линија до Тиват, кој ќе биде поврзан со линијата Скопје – Подгорица и обратно.