Реклама

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

Прилози

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

Плаќање без рампи и чекање. Владата планира да користи дигитализација и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плаќање без рампи и чекање. Владата планира да користи дигитализација и на патиштата. Се најавуваат законски измени за електронска наплата на патарините без физичко запирање, при што таксата би се пресметувала според изминатите километри.  На овој начин ќе се овозможи, брз транспорт на стока, побрз превоз на патници, но и пофер наплата..Како пример за неправедноста на сегашниот систем, вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски ја посочи патарината кај Смоквица. Возач кој тргнува од Демир Капија кон Гевгелија плаќа 100 денари, исто колку и оној што доаѓа од Скопје, иако поминува значително подолга делница.

„Секој граѓаниин има транскациска сметка, секој кој што има возило, мора да има кредитна картичка, тоа се работи веќе кои што ги има во постојната законска регулатива и би можеле на тој начин да ги примениме овие технологии и нашата идеја е да се наплаќа по километар, што ќе е многу поправедно од ова што се случува сега“, изјави Николоски.

Македонија би била пионер во воведување на овој систем. Во меѓувреме Хрватска прави обиди за дигитален начин на наплата на патарини, а сличен систем ќе се тестира и на обиколницата околу Белград во Србија. Според најавите од министерот Николоски, законското решение ќе се изработува со домашни и експерти од Европската транспортна заедница.

Реклама

„Во однос на електронска наплата или она што би се рекло автопати без физички патарини, сме во доста напредна фаза на изработка на законски измени кои што ова  ќе го овозможат. Затоа ни е потребно искусво од понапредни европски држави и затоа сметав дека е корисно да го поканам, да ја презентираме нашата идеја и да поканам нинвни експерти од „Европската транспортна заедница“ кои со нашите експерти ќе работат на овој закон и се надевам дека во еден пристоен временски рок, а тоа е во тек на месец декември ќе можеме да го презентираме зкаонот во јавност, секако и во Влада и во Собрание“, дополни Николоски.

Планот е  новиот модел најпрво да се примени на автопатот Кичево – Охрид, за кој Николоски очекува целосно да биде пуштен во употреба во мај.  Таму с еработи со полна пареа и во следните неколку недели треба да биде пуштен и најтешкиот дел од трасата, на кој се изградени четири галерии, мостови, вијадукти и најдолгите тунели.