Охриѓанката Сара и младата Билјана од Богданци се новите Никола Младенов и Тамара Димовска, случаи и трагедии коишто опозициската СДСМ ги користи за политички поени. Целта им е по секоја цена да извадат народ на улица, да создадат хаос, да предизвикаат немири, преку кои би го трасирале патот да се врати на власт.
Но, сценариото е веќе видено – „Шарената револција„ И не се само грозоморните насилства и убиства. Сообраќајката кај Силбо, трагедијата во Кочани, па и во случајот Алта банка, социлајдемократите одат со остра реторика, небулозни прес-конференции и барања за оставки. Очигледно е дека партиската стратегија се темели на тоа трагедиите да ги претвора во партиски капитал, да ги користи како алат за вршење на политички притисок и инструмент за создавање тензии.,
„Тоа се внатрешни процеси во СДСМ, раководството реагира како што знае да реагира. Во отсуство на интроспекција, особено за градење коалиции и зборување со граѓани коишто им свртеле грб, наместо да го направат реално тоа што е потешка работа, читаат портали, чекаат да се случи некоја трагедија и да истрчаат на местото на настанот“, Цветин Чилиманов, политички аналитичар и колумнист.
Чилиманов појаснува декаактуелното делување на СДСМ е водено од два паралелни процеси. Првиот е обидот на раководството преку вестите од црната хроника да поттикне улични протести, слично на „Шарената револуција“, за да го оттргне вниманието од внатрепартиските поделби и одговорноста за претходното владеење.
Вториот процес, како што вели Чилиманов, е обидот партијата да се приклучи на пошироките меѓународни политички трендови на поларизација и улични мобилизации.
„Друг процес се изборните процеси во Унгарија и Србија, политиката во ЕУ и САД оди во крајност, победи на радикални леви и десни партии. СДСМ сака да се фати на овој микротренд, сметаат дека има позитивен момент да истрчаат и да организираат улични протести“, вели Чилиманов.
Историјата на ваквите политички настапи на СДСМ покажува дека користењето на лични и колективни трагедии за политичка мобилизација има сосема поинакна заднина од вистинската институционална борба за правда. Додека опозицијата се потпира на улични сценарија и меѓународни трендови на радикализација, јавноста се погласно препознава дека обидите за дневни политички поени врз туѓа болка само ја продлабочуваат недовербата во системот, без притоа да понудат вистински решенија.

