Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Прилози

Николоски: ЕУ да најде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелена енергија од регионот

Новите автопати и пруги можат да го скратат патот до европските пазари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите автопати и пруги можат да го скратат патот до европските пазари, но за бизнисот е клучно  дали нивната стока навреме ќе стигне до купувачот. На 23. Виенски економски форум, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги претстави инфраструктурните амбиции на Македонија, но и предупреди на клучните проблеми кои го кочат бизнисот. Ограничувањата за професионалните возачи е сериозен проблем оти и натаму на ниво на Шенген зона тие се третираат како туристи. Николоски нагласи дека Македонија веќе има неколку билатерални договори за ова, но тие не го решаваат целиот проблем: 

-Во моментов се соочуваме со  со навистина голем проблем. Веќе една година разговараме за ова прашање.не ми е јасно како е можно да се водат само бирократски дискусии, без да се донесе никаква политичка одлука. Одговорот што го добиваме веќе една година е: ,, Отсекогаш било така “. Но, не е исто.  Со новиот електронски систем се евидентира секој ден. Возачите на камиони се третитаат исто како туристите. Ти не смеат да поминат повеќе од 90 дена во рамките на 180 дена на Европската Унија– вели Вицепремиерот Александар Николооски

-Тоа значи дека дури и електричната енергија произведена од обновливи извори во регионот не може да се извезува. Како тогаш да инвестираме во ветерни електрани, соларни панели и хидроелектрани, ако не можеме да ја  извезуваме ниту електричната енергија произведена од обновливи извори? Веќе две години Енергеткста заедница и Европската Унија не преземаат ништо–вели Вицепремиерот Александар Николооски

Реклама

Николоски нагласи дека земјите од регионот треба заеднички да настапуваат на европскиот и на светскиот пазар. Тој ги претстави инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10 кои се во тек и кои допрва ќе почнат да се реализираат. Целиот циклус тежи безмалку шест милијарди евра, што ја позиционира Македонија како клучна крстосница во регионот.