Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Прилози

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Стабилност, развој, ниско ниво на задолженост. Во услови на предизвици и  глобалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилност, развој, ниско ниво на задолженост. Во услови на предизвици и  глобалната енергетска криза, ќе има побрз раст на приходите од расходите, помал дефицит и јавен долг под 60% од БДП. Вака најважниот државен документ го опиша министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на брифинг пред новинарите. Таа рече дека и покрај предизвиците како што се враќање на еврообврзницата од 2023-та и покривање на дефицитот, јавниот долг ќе изнесува 12,3 милијарди евра или 59,7% од БДП. Инаку опозицијата обвинува дека долгот реално не се намалува, туку министерството ја користи ревизијата и статистичката корекција на БДП на државната статистика, за да прикаже подобри резултати. Димитриеска Кочоска реагира дека е срамно што СДСМ се повикува на овој факт, кога од партијата добро знаат дека се сменила методологијата, бидејќи тоа се случило пролетта 2024-та година кога биле на власт.

Редовно се врши и повратот на ДДВ – вели министерката. Досега биле исплатени 556 милиони евра кон бизнисот. Онаму кадешто има доцнење, има проблеми и сомнителни случаи, односно УЈП прави дополнителни проверки. Таа вели дека се планираат законски измени за рокот за враќање на ДДВ од 30 дена, да се продолжи ако има интензивна ревизија на поднесената документација.

Со една милијарда евра ќе се покрива дупката во државниот пензиски фонд. Буџетот за плати и надоместоци се зголемува на 930 милиони евра, што е пораст од 6,6%. Најголем раст на плати од 10% ќе има во одбраната и 7% во образованиењто. Примањата ќе растат секаде кадешто тоа го дозволуваат новите колективни договори. Нови  вработувања се предвидени во судството. Димитриеска Кочоска објаснува дека пари и претходно имало, но се трошеле за исплата на додатоци и надоместоци за веќе вработените, а не за отворање нови работни места. Буџетите за секторите кои се најмногу предмет на критика, судството и обвинителството, биле поголеми за 19%, односно за 9% отсто.

Реклама

Голем дел од парите или 664 милиони евра, ќе се потрошат за капитални проекти. Освен за започнатите проекти во патната и железничката инфраструктура, ќе има пари за нови амбулантни возила, обнова на возниот парк во Железници и клучни проекти во одбраната. Од финансии велат дека се вброени проекти кои и навистина ќе се реализираат, а сумата нема да се пренасочува за други намени со ребаланс на буџетот поради неискористени пари, незапочнати проекти и укинати државни гаранции.