Закани, притисоци, услови. Ива Михаилова обелоденува дека била контролирана од бугарската тајна служба и дека ѝ било укажувано оти постојат работи за кои не смее да зборува, во спротивно би можела да остане без помошта и лекувањето што ги добива во Бугарија. Ова го раскажува во разговор со бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, кој објави делови од тајно направени аудиоснимки од разговорите со Михаилова.
Таа открива и дека добивала конкретни насоки за тоа каде и пред кого може да настапува во јавноста. Според нејзиното сведоштво, првото интервју морала да го даде кај новинарот Мартин Карбовски, кој важи за близок до бугарската власт и кој веќе објави разговор со неа и нејзиниот адвокат.
Ми кажаа дека прво ако не снимам кај него, кај и да снимам на друго место, ќе биде избришано и нема да ја примам рехабилитацијата од која што имам не.
-Т.е. ти си сеедно актерка кај Карбовски, затоа што си таму не по твоја желба, а зошто…
Да, доста тешки неколку дена беа тука, ама ќе ти раскажувам кога ќе се видиме во живо, што претрпив, така што…
-Што, какво?
Не можам, не можам ништо да зборувам преку телефон.
Цанов ја прашува и како стигнала во Бугарија, откако во Македонија и биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Михаилова вели дека никој од службите не и помогнал, иако токму според неа службите тврдат поинаку. Таа говори и дека од ДАНС постоеле сериозни закани и психичко малтретирање.
Сепак тие раговорот го започнаа дека тие се направиле за мене до сега и поради таа причина редно е јас да ги послушам.
-Или што?
Или нема да е добро за мене. А јас пак мојата иднина ја гледам во Бугарија, не сакам никаде на друго место да одам. Тие можат да ми саботираат се. А толку многу имам да кажам.
По објавените разговори, сосем други зборови на Ива Михаилова на социјалните мрежи. На Фејсбук пишува дека никој во Бугарија не ја принудувал на ништо и од целиот бугарски народ чуствувала поддршка.
-Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудил на ништо. Овде добив помош, грижа и поддршка. Чувствувам поддршката од целиот бугарски народ и тоа ми дава сила секој ден. Не сакам да бидам дел од политички спорови и нема повеќе да коментирам на оваа тема, напиша Михаилова.
Засега нема официјален извештај каква е здравствена состојба на Михаилова од болницата Пирогов во Софија. По бегството од Македонија, таму и беа изврешени прегледи, но што е констатирано никој не кажува. Во меѓувреме македоското МВР продолжува со истрагата за бегството. Официјално таа нелегално ја минала границата.
-На ни еден граничен премиен и последниот интервал кога е видена од последниот пат кога е видена како се забавува во одерен ноќен бар во Кочани, од тој момент кога излегува од барот, па до моментот кога излегува пред ТВ камери во Бугарија, истата не е забележана на ниту една видео снимка од ниту еден граничен премин, изјави Тошковски.
Михаилова во октомври избега во Бугарија, иако како мерки на претпазливост и беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Таа е обвинета за сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип- Кочани, во која животот го загуби 33 годишниот Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен. Судот одлучи да и се суди во отстуство, а на последното рочиште беше одбиено нејзиното барање да се брани преку видео врска.
Матеја Петровски

