Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Прилози

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Владата интензивно работи на реформската агенда, пред се на законите кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата интензивно работи на реформската агенда, пред се на законите кои се во грејс период. Станува збор за предлог законски решенија во неколку клучни сегменти, како јавната администрација, правосудството, дигитализацијата, транспортот и енергетиката. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Македонија своите обврски, ќе ги исполни до крајот на годинава. Во моментов се работи на техничките делови, кои би требало да бидат финиширани во текот на овој месец, по што во декември предлог законите би влегле во собраниските процедура.

-Тоа е Законот за административни службеници или познатиот ЗАС, имаме тука една две точки на кои што разговараме со Европската Комисија. Потоа Законот за вработени во јавна служба или јавен сектор и тука имаме една или две забелешки на кои што ќе работиме на техничко ниво оваа недела. И третиот е за високи раководни служби и тука имаме една две забелешки. И конечно новиот закон за оружје, тука имаме комплетно различни погледи, изјави Мицкоски.

Во Брисел на разгледување веќе се испратени новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривична постапка и за нив се чекаат сугестии. Се работи и на законите за Јавно обвинителство, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Тука пречка до сега биле финансиите, но вели има согласност и  треба да се добие зелено светло од Европската Комисија.

Реклама

-Тука имаме една точка која што е камен на сопнување, а тоа се практично буџетите, односно процентот. Ние имаме 0,8 проценти од БДП за судскиот буџет, законска одредница и 0,5 проценти за Јавното обвинителство. Претходно имавме состанок со претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и разговаравме околу начинот на скалесто зголемување на буџетите, дојдовме до еден компромис, изјави Мицкоски.

Со Планот за раст за Македонија се предвидени 750 милиони евра. Во мај годинава за спроведените реформи добивме 65,7 милиони, што беше највисок износ во регионот во тој циклус. Наредниов период предвидено е да добиеме дополнителни 140 милиони евра, како награда за успешно спроведениот реформски пакет.

Матеја Петровски