Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Македонија

МВР: Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. 

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. 

Реклама

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.