Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Прилози

План за подобра и подостапна грижа за повозрасните и тешко болните

Стареењето на населението бара и поинаков пристап во здравствената грижа. Поголема мрежа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стареењето на населението бара и поинаков пристап во здравствената грижа. Поголема мрежа на установи за долготрајна грижа, подобра достапност на услугите и зајакнување на медицинскиот кадар. Ова се чекорите кон кои се насочени активностите за унапредување на грижата за повозрасните и тешко болните. За таа цел, во тек се разговори меѓу Владата, болницата „13 Ноември“, Министерството за здравство и Светската банка за создавање национална стратегија.

„Демографијата во светот, во Европа  и Македонија покажува дека популацијата се повеќе старее. Како што се движат годините, се повеќе ќе има луѓе кои се над 65 години со комплекси здравствени состојби, кои што ќе имаат, многу специфични потреби. Ние како здравствени работници да бидеме подготвени, доволно едуцирани за потребите на оваа популација, а истовремено секако да бараме од системот да се адаптира.“, изјави Ленче Нелоска, директор на ЈЗУ за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

Потребата од ваков систем е се поголема, со оглед на стареењето на населението. Во моментов, во Скопје има 196 кревети за геријатрија и 75 за палијативна нега, а во Битола уште 75. Покрај проширувањето на капацитетот, предизвик претставува и недостигот од лекари, медицински сестри и негуватели, а надлежните уеруваат на нови вработувања од следната година.

Реклама

„Се соочуваме со недостатк, уште повеќе што две докторки специјалисти ќе одат во пензија и еден доктор по општа пракса ќе оди во пензија. Тоа ќе биде голем недостиг и предизвик за останатите доктори кои што остануваат во установата 24 часа. Меѓутоа, ние ќе бараме да добиеме согласности за вработување за колку е можно да се олесни работата на колегите.“, вели Нелоска.

Паралелно со институционалното унапредување, важна е и размената на медицински знаења и искуства. Токму тоа беше целта на втората научна конференција за геријатриска и палијативна медицина, на која учествуваат експерти од Франција, Холандија, Шведска и Турција. Целта е повозрасните и тешко болните пациенти да добијат поквалитетна и подостапна грижа, а здравствениот систем навреме да се подготви за потребите на населението.