Терористите домашни, наредбите доаѓале од Техеран, а нападот требало да бие во Грција. Уништела Иранска терористичка келија во Македонија која спремала атентат во Грција. Користелче шестмина македонски државјани од Скопје и Куманово, кои под палка на ирански државјанин, кој се поврзува со разузнавачките мрежи на Иран, се подготвувале да извршат терористички напад на одредено лице во соседна Грција. Дали станува збор за политичар, бизнисмен или друга јавна личност безбедносните служби не откриваат бидејќи уште се истражува. Ниту е соопштен мотивот – дал станува збор за исламски радикали или обични криминалци кои делувата за пари.
Според директорот на АНБ, следењето на групата теристи од Македонија ги однела до наредобадавачот – иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех. Тој се поврзува со други контроверзни ликови, кои пак работат во координација со државните ирански безбедносни служби. Меѓу нив е и иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндашти, кој е длабоко вмешан во меѓународниот организиран криминал. Групата тајно се среќавала со Маванех на територија на трети држави, но и Иран.
- „Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, таргет лоциран во Грција. Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот модус операции за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин Маванех, кој е главен носител на планираната терористичка операција“, рече директорот на АНБ.
мрежата веќе го спремала теренот, а еден од групата бил уапсен во Грција и испорачан на македонските органи. Други четвротица се уапсени во Македонија, а еден е во бегство, рече директорот на БЈБ, Александар Јанев.
- „Се работи за шест лица од 22 до 73 години од Скопје и од Куманово. На 4 лица, според информациите што ги имаме како служба, како Биро за јавна безбедност, на 4 лица им е одредена активна мерка притвор на 1 лице, му е одредена мерка куќен притвор. Шестото лице, како што кажав, не е достапно сè уште на органите за прогонот и по него активно се трага“, изјави Јанев.
Цели десет месеци македонските агенти го следеле од сенка членовите на групата, пред а бидат упасени. Нема инфоамции дали групата подготвувала или воошто сакала да врши терористички напади и на македонска територија. Според проценките, случајот не е изолиран инцидент, туку се вклопува во поширок модел на дејствување на иранските разузнавачки структури, кои, според сознанијата, користат криминални мрежи во други држави како посредници за организирање напади и прикривање на директната вмешаност на Техеран.

