Сите надзорни тела што постојат во државата и согласно закон имаат право и обврска да го мониторираат работењето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во секое време со најава или без може да дојдат и да проверат се што им е дозволено со закон да проверуваат, вели директорот на оваа институција Бојан Христовски.
Тој прашан за забелешките во европските извештаи во однос на надзорот на службите истакна оти прашањето за нив треба да се достави до тие кои треба да го извршат надзорот.
– Прочитав дел од забелешките во однос на надзорот на службите, но, мислам дека тоа прашање треба да го упатите таму од каде што треба да доаѓа надзорот. Генерално се мисли на граѓанскиот надзор и на парламентарниот надзор. Во однос на тоа дали дали и како агенцијата ги прифаќа иницијативите за надзор, би кажал дека не само што сме отворени за надзор, туку лично јас и јавно неколку пати ги имам повикувано сите надзорни тела ако што постојат во државата и согласно закон имаат право и обврска да го мониторираат работењето на агенцијата, во секое време со најава или без најава да дојдат и да проверат сè тоа она што законот дозволува да да го проверат, рече Христовски во орговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МВР.
Во врска со процесот на рефопрми во службите во безбедносниот сектот во Македонија, Христовски истакна дека тоа е политички процес воден од Владата. Како што истакна, на сите побарани мислења од релевантни фактори во државата поврзани со тој процес одговориле во рамките на тоа колку како институција можат да бидат дел од тој процес, кој, како што истакна, е доста сензитивен.

