Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

МЕМО воведува тргување со негативни цени и ги усогласува ценовните прагови со европските берзи на електрична енергија

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска овозможува доставување понуди и налози за тргување со негативни цени на организираниот пазар на електрична енергија. Со оваа промена, како што велат од компанијата, продолжува реализацијата на Реформската агенда, преку усогласување на минималните и максималните ценовни прагови со оние на европските берзи за пазарот ден однапред и пазарот во тековниот ден.

-Со измените, ценовните прагови на пазарот ден однапред (MATS) се менуваат од досегашниот интервал од 0,10 до +1.000,00 EUR/MWh на нов опсег од -600 до +4.000 EUR/MWh. На пазарот во тековниот ден (M7), досегашниот опсег од 0,10 до +9.999,99 EUR/MWh се проширува на -9.999,99 до +9.999,99 EUR/MWh. На овој начин, на учесниците им се овозможува поголема флексибилност и поефикасно управување со нивните пазарни позиции, особено во периоди на зголемено производство од обновливи извори на енергија – прецизираат од МЕМО.

Како што нагласуваат, воведувањето на негативните цени овозможува пазарните механизми пореално да ги одразуваат условите на понудата и побарувачката. Негативната цена најчесто е сигнал дека во одреден период производството на електрична енергија ја надминува потрошувачката, односно дека на пазарот постои вишок електрична енергија.

Реклама

-Негативните цени се дел од развојот на современите пазари на електрична енергија и претставуваат механизам преку кој пазарот ги одразува реалните состојби на понудата и побарувачката. Кога производството во одреден период е поголемо од потрошувачката, цената испраќа сигнал дека е потребно подобро управување со производството, зголемување на потрошувачката или активирање дополнителни капацитети за флексибилност и складирање – посочуваат од МЕМО.

Нагласуваат дека е важно што можноста за доставување налози со негативни цени не значи дека со воведувањето на оваа функционалност автоматски се формира негативна пазарна цена. Станува збор за проширување на можностите за тргување, при што цените и понатаму ќе се формираат врз основа на пазарните услови, односно понудата и побарувачката.

-Оваа функционалност има особено значење за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Кај соларните електроцентрали, најголемото производство се остварува во часовите со најголемо сончево зрачење, што може да доведе до зголемена понуда на електрична енергија и пониски пазарни цени. Во такви услови, негативните цени создаваат дополнителен поттик за попрецизно планирање на производството, инвестиции во батериски системи за складирање и примена на решенија за поефикасно управување со енергетските позиции – велат од МЕМО.

Европското искуство, додаваат, покажува дека негативните цени се сè позастапен дел од динамиката на пазарите на електрична енергија, особено во услови на зголемено производство од обновливи извори.

-Важно е македонскиот пазар да располага со механизми што ќе ги одразуваат реалните пазарни услови и ќе овозможат подобра интеграција со европскиот енергетски пазар. Со оваа промена, МЕМО продолжува да придонесува кон развојот на модерен, транспарентен, конкурентен и ефикасен пазар на електрична енергија, како и кон неговото понатамошно усогласување со европските практики – истакнуваат од МЕМО.