Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Повеќе од 300 иницијативи, една заедничка визија: културата го приближува Западен Балкан до Европа

Повеќе од 300 иницијативи, речиси 500 настани и 106 активности за мобилност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 300 иницијативи, речиси 500 настани и 106 активности за мобилност помогнаа во зајакнувањето на културните и креативните сектори на Западен Балкан, создавајќи нови можности за уметници, културни организации и креативни професионалци, истовремено приближувајќи го регионот до Европа. Ова се меѓу клучните достигнувања на програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), презентирана на нејзиниот завршен настан во Брисел.

Програмата од 8 милиони евра, финансирана од Европската Унија и имплементирана од УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS), допре до над еден милион граѓани и членови на публиката од кои 26.000 директни корисници, вклучувајќи 4.822 млади луѓе, 3.039 уметници, 1.436 претставници на културните и креативните индустрии и 1.320 студенти во рамките на целиот регион.

Преку поврзување на претставниците на Европската комисија, УНЕСКО, Британскиот совет и AICS, заедно со корисниците на програмата, настанот во Брисел го разработи придонесот на културата кон европската интеграција, економскиот развој, регионалната соработка и социјалната кохезија.

Реклама

Геoрг Хојслер, директор за култура, креативност и спорт во Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC) изјави: „Преку проектот ’Култура и креативност за Западен Балкан‘, ЕУ ги зајакна културните и креативните сектори во регионот и помогна да се изградат трајни прекугранични партнерства — партнерства кои ги зближуваат заедниците и ги поддржуваат добрососедските односи. Им честитам на повеќе од 200-те добитници на грантови, како и на нашите партнери УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, за она што го постигнаа. Проектот завршува, но нашата посветеност на културата во регионот на проширување останува одлучна. Во 2027 година планираме да објавиме наменски повик од 5 милиони евра во рамките на програмата ’Креативна Европа‘ за земјите партнери од процесот на проширување и соседството, како и да одржиме Дијалог на високо ниво за култура со земјите партнерите од процесот на проширување“.

Програмата, која започна во април 2022 година, поддржа културни институции, организации, уметници, креативни професионалци и локални власти во рамките на целиот Западен Балкан. Поддршката опфаќаше широк спектар на области, од сценски и визуелни уметности, аудиовизуелни и интерактивни медиуми до културно наследство, културен туризам, дизајн и креативни услуги. Посебен акцент беше ставен на развивањето на професионални и организациски капацитети, мобилноста на уметниците, меѓународните партнерства и подобрувањето на пристапот до финансии.

Најеф Ал-Фајез, помошникот-генерален директор на УНЕСКО за култура, истакна како CC4WBs го покажа потенцијалот на културната соработка за зближување на луѓето од Западен Балкан и зајакнување на врските на регионот со поширокиот европски културен простор. Тој ја нагласи важноста од надградување врз ова искуство и претворање на културната соработка во еден посилен дел од европската интеграција на регионот.

Освен што придонесува кон културниот живот, програмата помогна да се постават темелите за посилна регионална креативна економија, преку отворање на нови можности за вработување, претприемништво и меѓународна соработка.

Еилид Хамилтон, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, ја нагласи важноста на инвестирањето во луѓе и организации како основа на одржлива креативна економија: „Вистинскиот потенцијал на културните и креативните сектори на Западен Балкан лежи во талентот, амбицијата и креативноста на луѓето. Преку програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, Британскиот совет се фокусираше на јакнење на креативните професионалци и зајакнување на капацитетот на културните организации за иновации, прилагодување и напредување. Преку опремување на луѓето и организациите со вештини, знаење и самодоверба за создавање на сопствената иднина, ние помагаме во ослободувањето на креативниот потенцијал на регионот и поставувањето на темелите за посилна, подинамична и одржлива креативна економија.“

Грација Сгара, директорка на Канцеларијата на AICS во Рим за организации на граѓанското општество, партнерство и финансирање за развојот, го истакна придонесот на културата кон одржливиот развој: „Културата е многу повеќе од зачувување на споделеното наследство. Таа е ресурс за економски можности, социјална инклузија и дијалог меѓу заедниците. Инвестирањето во вештините, креативноста и капацитетот за иновации на луѓето е од суштинско значење за одржливиот развој. CC4WBs покажува како меѓународната соработка може да помогне во отклучувањето на овој потенцијал и создавањето на можности во рамките на целиот регион.“

Како што програмата се приближува кон својот крај во март 2027 година, клучен приоритет е да се одржат нејзините достигнувања, да се одржат воспоставените партнерства и да се создадат услови културните организации и креативните професионалци во рамките на целиот Западен Балкан да продолжат да ја развиваат својата работа.

Бриселскиот настан заврши со настап на ХЕЛЕМ НЕЈСЕ, со што донесе енергијата на современата креативна сцена на Западен Балкан во европската престолнина.