Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Свет

Шји, Путин и Трамп разговараа за Украина, нуклеарното разоружување и глобалната безбедност

Во Шенџен заврши трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, Русија и САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Шенџен заврши трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, Русија и САД – Шји Џјинпинг, Владимир Путин Доналд Трамп. Засега нема потврда дека на средбата е постигнат конкретен договор.

По средбата, тие не одржаа прес-конференција, а нема ниту заедничка изјава. Според руските медиуми, Путин веќе заминал од резиденцијата „Килин Шанџуанг“, каде што се одржа трилатералната средба.

На средбата, што траеше 90 минути, се разговараше за нуклеарното разоружување, војната во Украина и меѓународната безбедност.

Реклама

Шји на почетокот од средбата истакна дека трите држави мора да соработуваат во решавање на глобалните проблеми.

– Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој навистина е подготвен да преземе одговорност. Кина изминатите години промовира односи што се карактеризираат со мирен соживот, целокупна стабилност и балансиран развој – наведе Шји и притоа упати апел до Русија и до САД да „станат пример за остатокот од светот со соработка за решавање на глобалните предизвици и придонес кон мирот и стабилноста.

Според него, нуклеарното оружје треба да биде целосно забрането и уништено.

Путин во воведното обраќање ја потенцира заедничката одговорност на трите земји во одржување и зајакнување на меѓународното право.

Според него, трите држави имаат „голем број заеднички интереси во решавање на регионалните судири, вклучително, секако, и судирот во Украина.

– Русија, САД и Кина може значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста – истакна Путин.

А Трамп потенцира дека со Шји и Путин „навистина испишуваат историја“.

– Ние тројцата имаме за многу работи да дебатираме, а веќе за многу нешта разговаравме како претседатели на трите најголеми земји во светот. Имаме посебна одговорност во одржувањето дијалог, полн со почитување и насочен кон резултатите, за прашања што не влијаат само на нашите граѓани, туку и врз целата планета – наведе Трамп.

Во Шенџен заврши трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, Русија и САД, Шји Џинпинг, Владимир Путин Доналд Трамп. За сега нема потврда дека на средбата е постигнат конкретен догов

Тој упати и критики кон поранешните светски лидери дека избегнувале разговори со држави што не се согласувале.

– Ние мислиме спротивно. Со стариот пристап, кој се темелеше на одбивање разговори за проблемите, никогаш не е решен ниеден проблем – истакна Трамп.

Тој исто така ја нагласи важноста од нуклеарното разоружување.

– Трите најголеми нуклеарни сили во светот, САД, Русија и Кина, се во единствена позиција да разговараат за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје во земјата – изјави Трамп.

Тој наведе дека соработката во однос на нуклеарното разоружување е важна, но призна дека е „многу тешко да се откажеме“ од нуклеарното оружје.

Трамп исто така посочи дека е клучно САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други нации.

– Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје – наведе Трамп.

Тој потоа се осврна на војната во Украина напомнувајќи дека веќе имал долг разговор со Путин на таа тема.

– Мислам дека Путин, а се надевам и другата страна, би сакале да видат крај на таа војна, изјави Трамп.

Тој на средбата истакна дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) е надвор од контрола.

МКС има издадено налог за апсење на Путин поради сомнение за воени злосторства поврзани со незаконската депортација и преместување на украинските деца во Русија.

Налогот значи дека Путин може да биде приведен ако отпатува во држава која е обврзана да ги почитува одлуките на МКС. Но, ниту САД ниту Кина нема обврска бидејќи не се потписнички на Римскиот статут, меѓународен договор врз кој е формиран судот.

На средбата присуствуваа помошникот на Шји, Каи Чи, министерот за надворешни работи – Ванг Ји, заменик-министерот за надворешни работи – Ма Жаошу, кинескиот амбасадор во САД – Сие Фенг и амбасадорот во Русија – Џанг Ханхуи. А Путин беше придружуван од министерот за надворешни работи – Сергеј Лавров, советникот на Путин – Јуриј Ушаков, министерот за економија – Максим Орешкин, министерот за одбрана – Андреј Белошов и министерот за финансии – Антон Силуанов. Американската делегација беше составена од државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот на САД во Кина – Дејвид Пердју, секретарот за финансии – Скот Бесент, секретарот за трговија – Хауард Лутник и шефот на кабинетот на Белата куќа – Стивен Милер.