Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Шасивари ги презентираше владините заложби за заштита на децата од насилство на конференција во Манила

Министерот за правда Јетон Шасивари, на вториот ден од Втората глобална министерска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари, на вториот ден од Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини, во име на Владата ги презентираше конкретните заложби за унапредување на законската и институционалната заштита на децата од сите форми на насилство.

Во своето обраќање пред меѓународните претставници, министерот Шасивари, како што соопшти Министерството за правда, ја потврдил определбата на Владата за преземање конкретни мерки со кои ќе се зајакне превенцијата, ќе се подобри институционалниот одговор и ќе се обезбеди поефикасна заштита на децата изложени на насилство.

Меѓу приоритетните заложби што ги претставиl министерот се законската забрана на браковите пред навршување 18 години, зајакнувањето на правната заштита од физичко и дигитално насилство, како и воспоставувањето специјализирани услуги за децата жртви на насилство.

Реклама

Посебно внимание било посветено на спречувањето на насилството во училиштата и воспоставувањето функционални меѓусекторски тимови во сите центри за социјална работа, со цел навремено препознавање на ризиците, координирано постапување на институциите и обезбедување соодветна поддршка за секое дете на кое му е потребна заштита.

Министерот ги претставил и заложбите за воспоставување единствен систем за прибирање и обработка на податоци, како и за развивање поефикасни механизми за заштита на децата во контакт со правосудниот систем. Овие мерки, како што се наведува во соопштението, имаат за цел да овозможат подобра институционална координација, следење на случаите и навремено постапување во најдобар интерес на детето.

Шасивари нагласил дека меѓународните заложби мора да бидат проследени со конкретни законски решенија и функционални институционални механизми.

Според министерот, одговорноста на Министерството за правда не завршува со учеството на меѓународните конференции, туку продолжува преку подготовка на подобри закони, зајакнување на институционалните капацитети и создавање услови за вистинска и достапна заштита на секое дете.

Министерот Шасивари порачал дека ниту едно дете не смее да остане незаштитено и дека заштитата на децата од насилство претставува не само законска обврска, туку и морална и државна одговорност.