Нови 45,2 милиони денари се префрлени од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции што ги реализираат домашните компании – соопшти Министерството за финансии (МФ).
Вкупната поддршка што Владата досега ја реалира во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализацијата на приватните инвестиции и поддршка за економските активности. Во буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милиони евра. Првата транша од буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализира во март минатата година.
– Владата ги обезбеди средствата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници (домашните компании) по поволни услови, со каматна стапка од 1,95 отсто и рок на отплата до 15 години, со грејс-период до три години – наведува МФ.

