Реклама

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

Македонија

Јовановски за јубилејот на Институтот за историја на УКИМ: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција, која ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од основањето.

Програмата има некоку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и современите пристапи во историските истражувања. 

Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија итн.

Реклама

Отворајќи ја конференцијата, раководителот на Институтот, проф. Далибор Јовановски, рече дека имаат право да бидат горди за изминатите 80 години, во кои, рече, покрај успесите на претходните генерации, се и предизвиците со кои се соочуваат сегашните. 

Пред 80 години најголем предизвик било создавањето на институцијата и почетокот на процесот да се пишува македонската историја од македонска гледна точка бидејќи, рече Јовановски, дотогаш македонската историја била пишувана од други, според нивните гледишта и нивните потреби. Но предизвикот на историчарите денес, рече тој, е силното влијание на технологијата и неизбежноста од соочување со вештачката интелигенција. 

– Се соочуваме исто така со еден голем предизвик, а тоа е проблематизирањето на македонската историја и македонската историографија од страна на некои соседи. Тоа не е сегашен процес, туку трае повеќе од децении. Наше е како ќе одговориме на тие предизвици. На тие негирања ќе одговориме со научна храброст и смиреност бидејќи секој има право на сопствена вистина – порача Јовановски. 

Притоа посочи дека некогашните најголемите критичари на македонската историографија, пред сè западни историчари, политолози, антрополози, фолклористи итн., сега ни се наклонети зашто со настаните поврзани со нашата евроинтеграција увиделе дека нештата не се такви и го промениле мислењето, така што сега, рече Јовановски, ги имаме нивната поддршка и симпатиите. Тоа, според него, се должи и на лични контакти, присуство во странски списанија и на меѓународни конференции.

– Тоа се должи и на нивната перцепција дека токму нивните критики на нашата историографија денес се користи политички од страна на други центри. Тоа е нашата предност, ни отвора големо поле за соработка и треба во иднина да ја искористиме во наша полза со активно учество на конференции и со пишување трудови надвор од Македонија за да остане таа нивна поддршка, што нам во овој момент многу ни значи – истакна Јовановски. 

Јубилејот на Институтит за историја на УКИМ го честита министерката за образование и наука Весна Јаневска истакнувајќи дека сите што работеле во установата со својот научен труд придонеле во проучувањето, документирањето и афирмирањето на историското наследство, но и во неговото пренесување на новите генерации. 

– Денес, во време на брз проток на информации, разни толкувања на историските настани и сè почести обиди за релативизирање на историските факти, улогата на историчарите е од особено исклучително значење. Одговорноста на научната заедница е преку аргументирани истражувања, научна објективност и критички пристап да ги утврдува и афирмира историските вистини. Само така може да изградиме општество што ја познава сопствената историја, ги почитува фактите и знае да учи од минатото – истакна Јаневска.

Таа посочи дека МОН останува посветено на унапредување на високото образование и научноистражувачката дејност, на создавање подобри услови за работа на академската заедница и на поттикнување на младите истражувачи. 

– Институтот за историја ќе ја има секогаш нашата поддршка и верувам дека во наредните децении ќе продолжи да биде значаен центар на знаење, научна мисла и образование и да образова квалитетен кадар со нови истражувања и достигнувања, кои ќе ја збогатат македонската историографија и ќе ја афирмираат во меѓународни рамки – додаде министерката. 

Учесниците на конференцијата ги поздрави деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, Оливер Бакрески, кој за Институтот за историја рече дека е чувар на историската меморија зашто има „клучна улога во зачувување на историското наследство и колективното сеќавање во Македонија“.

– Историјата е сложена целина од процеси, искуства, културни достигнувања, општествени промени и човечки судбини. Нејзиното научно проучување бара широчина на погледот, методолошка прецизност и строгост да се проверуваат аргументите и да се разликуваат научнопотврдените сознанија од претпоставките и од слободните толкувања. Но и свест дека историското наследство добива вистинска вредност тогаш кога е истражено, критички разбрано и одговорно пренесено на идните генерации преку факти – рече Бакрески. 

Почетоците на Институтот за историја, тогаш катедра, се на 3 декември 1946, кога е основана групата за историја со историја на уметност, а на 16 декември 1946 почнале првите предавања на Филозофскиот факултет. Во наредните години Институтот давал кадар, кој ќе придонесе за развој на македонската наука, меѓу кои се научниците Љубен Лапе, Димче Коцо, Методија Спасовски, Томо Томоски… Институтот за историја дал и неколку академици во МАНУ, како и еден ректор на УКИМ – професорот Христо Андонов Полјански.

Раководителот, проф. Далибор Јовановски, соопшти дека годинава почнале процес на подмладување на Институтот за историја и дека во последните години има зголемен интререс од младите за студирање историја.