Кога историските факти стануваат предмет на политички толкувања, на негирањата треба да се одговори со наука и аргументи. Институтот за историја при УКИМ кој осум децении истражува и документира факти, ја засилува битката за зачувување на македонското минато. Првиот човек на на Институтот со порака до македонските историчари да учествуваат во меѓународни конференции и да објавуваат научни трудови надвор од земјава.
„Се соочуваме исто така со еден голем предизвик, а тоа е проблематизирањето на македонската историја и македонската историографија од страна на некои соседи. Тоа не е сегашен процес, туку трае повеќе од децении. Наше е како ќе одговориме на тие предизвици. На тие негирања ќе одговориме со научна храброст и смиреност бидејќи секој има право на сопствена вистина.“ – порача Јовановски.
Од раководството на УКИМ ја посочуваат важноста на овој институт бидејќи има клучна улога во зачувување на историското наследство.
„Историјата не смее да биде испреплетена и посредувана и политичка, треба да биде фокусирана и да понуди аргументирана анализа. Институтот за историја е чувар на цивилизациска меморија и градител на мост меѓу минатото и иднината.“- вели деканот на филозофскиот факултет при УКИМ, Проф. д-р Оливер Бакрески.
Но, зачувувањето на идентитетот не е одговорност само на историчарите туку и на идните генерации. Јаневска испрати порака до професорите да ги поттикнуваат студентите да ја избрираат токму оваа струка за да го зачуваат историското наследство.
„Можеби требаше да имаме предизвик како што имаме во моментов сега со кој вие се борите но сигурна сум дека ако со нив го споделите вашето знаење, тие ќе ја зачуваат нашата држава, почитувани студенти чувајте ја државата таа е во ваши раце.“ – вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
А дека историјата не останува само во учебниците, туку е можност и младите да остават сопствен белег, потврдуваат и студентите.
„Не има од повеќе националности, верувам дека ќе успееме заедно да направиме подобро општество за сите, историјата не треба само да ја изучуваме туку и да оставиме и нешто зад себе.“ – вели Един Рамчилович, студент од Институтот за историја.
Од Министерството за образование и наука порачуваат дека остануваат посветени на унапредување на високото образование, подобрување на условите за научноистражувачка работа и поддршка на младите истражувачи.

