Реклама

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Македонија

Ѓорѓиевски: Средношколците заслужуваат секое утро да влезат во чисто училиште

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска беше во работна посета на средното училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска беше во работна посета на средното училиште „Здравко Цветковски“, каде што беа презентирани новите машини за подно чистење на училниците и ходниците во сите скопски средни училишта, соопштија попладнево од Град Скопје.

– Секое утро нашите средношколци заслужуваат да влезат во чисто и уредно училиште. Затоа набавивме машини за подно чистење за градските средни училишта. Со нив, вработените, кои секојдневно се грижат за хигиената, ќе можат побрзо и потемелно да ги исчистат и долгите ходници и училниците во кои се образува иднината на Скопје. Ним им должиме благодарност за трудот и современа опрема што ќе им ја олесни работата. Како градоначалник, моја одговорност е на вработените да им обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности. Мојата заложба е секој млад човек, во кој било дел од Скопје да расте, во своето училиште да ги добие и условите и шансата да покаже колку може – изјавил Ѓорѓиевски.

Градоначалникот истакнал дека во изминатава година во средните училишта на скопска територија се обновени спортските терени, а училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли.

Реклама

– Обезбедивме ормарче за секој ученик, бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата. Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Поставуваме фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе градиме и две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров – нагласил Ѓорѓиевски.