Реклама

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Прилози

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Отпушок од цигара најверојатно бил причина за огнот кој предизвика паника и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отпушок од цигара најверојатно бил причина за огнот кој предизвика паника и евакуација во болницата 8-ми септември во Скопје. Утрината во одделението за ортопедија се случувала вистинска драма кога најпрво се проширил чад а потоа избувнал и оган. За многу кратко густиот чад се проширил низ целиот оддел. Вработените и пациентите веднаш биле евакуирани а за многу кратко време пристигнале противпожарните служби. Еден од присутните пациенти кој бил во непосредна близина сведочи дека се се случило за многу кратко време.

„Околу 11 саатот, во вториот спрат, чад. Еден чад, еден невнимателен пациент запалил цигара на количка и ја оставил цигарата, како било не знам само одеднаш се појавил голем чад, голема паника кај сите. Викнаа пожарна дојдоа луѓето за 15 минути средија работа, ништо не е сериозно, ништо не е опасно“, изјави сведок

Од болницата соопштија дека веднаш реагирале и самите го изгаснале пожарот уште пред да дојдат пожарникарите, со опремата со која располага болницата. Штетата била незначителна.

Реклама

„На местото на пожарот нема електрична ниту гасна инсталација. Материјалната штета е незначителна. Според првичните информации, можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат“, соопштија ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје

Командирот на Противпожарната бригада Звонко Томески појасни дека пожарот започнал од количките.

„Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени 4 возила во болницата. Гореле инвалидски колички на тераса од болничка соба. Веднаш со противпожарните апарати се изгаснати. Значи, пожарот бил од количките, не се запалила никаква инсталација”, изјави Звонко Томески, командир на Противпожарната бригада

Во пожарот нема повредени но неколку од пациентите кои биле зафатени од густиот чад биле пратени на кислородна поддршка. Центарот за управувње со кризи потврди дека станувало збор за пожар во внатрешна просторија кој бил локализиран за многу кратко време. Сите пациенти и вработени се безбедни, а болницата продолжува со редовна работа.