Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

Комисијата за финансирање и буџет по еден час пауза ја продолжи амандманската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за финансирање и буџет по еден час пауза ја продолжи амандманската расправа по предлог-буџетот за 2027 година. Беа разгледани и неприфатени серија амандмани што се однесуваа на вработени во одбраната и за одбраната, како и за противпожарните служби, поднесени од пратениците од опозициските СДСМ и Левица. 

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски објасни дека во предлог-буџетот за 2027 година за одбрана планирани се 25,38 милијарди евра односно нешто повеќе 4 милијарди повеќе од лани односно 20 проценти. Потсети дека од 1 јануари 2027 година платите за вработените во одбраната ќе се зголемат за 10 проценти. 

Опозицијата преку амандман побара и 45 милиони денари за електронско следење на насилникот и за систем за предупредување на жртвите. Ваквиот метод според опозицијата веќе дал резултати во европските држави. 

Реклама

– Ова не го измислуваме ние како нешто ново. Ова се покажало како еден од најефикасните начини да се спречи фемицид и насилство врз жените. Од 2009 година, од кога е воведен овој систем во Шпанија до 2025 година, токму поради ова 21.036 жртви биле опфатени и ниту една после тоа не била повторно жртва на насилство, рече Јована Тренчевска од СДСМ. 

Опозицијата повика да биде активиран Законот за насилство врз жените којшто, како што тврди, три месеци се чува во фиока, а со кој има конкретни задачи и за министерот за внатрешни работи и на останатите институции. Во него, тврди опозицијата, се наведени брзата интервенција, итните мери за отстранување од домот на насилникот…

Амандманот беше одбиен со образложение дека Министерството за внатрешни работи подготвува закон во кој ќе биде опфатен и делот со електронски алки за насилниците.