Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Сенародна универзијада „Чаир 2026“

Во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, денеска започна Сенародната универзијада „Чаир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, денеска започна Сенародната универзијада „Чаир 2026“, која обединува студенти и универзитетски екипи од Скопје, Тетово, Приштина, Тирана и Валона.

Како што соопшти Општина Чаир, на овој спортски настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити, кој го истакна значењето на спортот како можност за соработка, запознавање и зајакнување на врските меѓу младите од албанските краеви.

– Инвестициите во спортот и јавните простори секојдневно им служат на нашите млади и ни овозможуваат да бидеме домаќини на натпревари што го претвораат Скопје во место за средба на албанските студенти. Оваа Универзијада ја потврдува важноста на создавањето услови и можности младите да тренираат, да се натпреваруваат и да ги претставуваат своите универзитети и градови. Покрај спортските резултати, нашата цел е овие средби да создадат пријателства и долгорочна соработка – истакна Меџити.

Реклама

Градоначалникот Меџити изрази благодарност до Универзитетот „Мајка Тереза“ и Организацискиот одбор за организирањето на Универзијадата, како и до универзитетите и федерациите учесници од Косово и Албанија. Тој нагласи дека овој настан претставува можност за проширување на меѓууниверзитетската соработка и организирање заеднички спортски активности во текот на годината, афирмирајќи ги Чаир и Скопје како значајни места за средби и соработка меѓу младите – соопшти Општина Чаир.