Реклама

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Економија

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Капиталните инвестиции годинава достигнаа 70% реализација, а со вакво темпо ќе се продолжи и наредната година, најави премиерот Христијан Мицкоски. Во тек се постапките за изградба на експресни патишта низ државата, Клиничката болница, а се прават напори да се отвори граничниот премин Клепало. Истовремено, за наредните две години државата ќе треба да обезбеди околу пет милијарди евра за отплата и рефинансирање на долговите на претходната власт.

„Ние во овој момент за оваа година сме на ниво од 70% од реализација на капиталните инвестиции. Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое што треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната Влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит, кој што генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Покрај државните инвестиции, во фокусот на оваа Влада се и општините. Делчево добива целосна реконструкција на единствената спортска сала, а од јануари во Здравствениот дом ќе започне со работа мамографот, со што пациентките од Пијанечко-малешевскиот регион ќе можат да вршат прегледи без да патуваат до Кочани или Скопје.

„Во јануари е поставувањето и започнувањето со работа на мамографот. Во овој период ќе се изврши обука на техничарите во Кочани. Докторката веќе работи на мамографија во Кочани, значи од јануари 2027 година во Делчево ќе биде достапна мамографија и ќе нема потреба да се патува во Кочани. Оваа услуга ќе биде достапна, секако, и на жителите на соседните општини. Потоа би сакале да го комплетираме тој дел на радиодијагностика со дигитализација на рендгенот, што ќе ја олесни комуникацијата со другите установи“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

„Реконструкцијата на салата чини 50 милиони денари и кажав, рокот на изведба е 18 месеци, меѓутоа се надевам и верувам дека до крајот на летото ќе биде пуштена“, изјави министерот за спорт Борко Ристевски.

Во изминатата година во Делчево се инвестирани околу 2 милиони евра во инфраструктурни проекти.

„Ние како Општина Делчево инвестиравме изминатата една година приближно два милиони евра, средства коишто се финансирани од буџетот на Општина Делчево, преку средства од Владата на Република Македонија, преку ресорните министерства, преку унгарските кредити и средства коишто ги добивме преку ИПА-програмите, т.е. преку соработката со Благоевград од Република Бугарија“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Со новите проекти, чиј почеток беше означен денеска, се очекува значително да се подобрат условите за живот на делчевчани.