Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Алтернативниот стрип-магазин „Тешка Машинерија“ ќе го промовира четвртото издание

Четвртото издание на алтернативниот стрип-магазин „Тешка Машинерија“ ќе биде промовирано денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четвртото издание на алтернативниот стрип-магазин „Тешка Машинерија“ ќе биде промовирано денеска во „Цреша бар“ во Скопје. Станува збор за независен стрип-магазин којшто во изминатите две години бележи континуиран развој, прераснувајќи од фанзин со 16 страници во издание од 72 страници.

Како што информираат организаторите, основна цел на „Тешка Машинерија“ е поддршка и афирмација на млади стрип-автори, сценаристи, илустратори и рецензенти, како и поттикнување на авторскиот и алтернативен уметнички израз.

Во најновото издание свои дела објавуваат стрип-авторите Александар Танчевски – Танчо, Методија Стојановски, Тиа Василеска и Владимир Благојевиќ – Владодлак, како и илустраторите Тијана Петковска – Тијанска, Ивана Атанасовска – Huespill, Александар Сидовски – Сидо и Јован Терзиоски – Јоки. Рецензијата е на Ивица Дукоски.

Реклама

Магазинот содржи повеќе жанрови, меѓу кои научна фантастика, епска фантазија, хорор, комедија и други авторски форми на стрип-изразување.