Реклама

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Македонија

Божиновска: Жените не бараат привилегии, туку фер пристап до можностите и оценување според знаење, искуство и резултати

Родовата еднаквост не е задача само на жените. Таа бара поддршка од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родовата еднаквост не е задача само на жените. Таа бара поддршка од сите – од раководителите, членовите на управните одбори, колегите и институциите. Потребни ни се сојузници што ќе препознаат дека посилното учество на жените, значи посилни компании и посилна економија. Жените не бараат привилегии, туку фер пристап до можностите и оценување според знаење, искуство и резултати. Целта не е само нивна поголема застапеност, туку да имаме компании што го препознаваат и го користат целиот расположлив лидерски потенцијал – порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Во обраќањето на настанот по повод промоцијата на студијата „Жени во управните одбори во Северна Македонија: Унапредување на родовата еднаквост во корпоративното одлучување“, Божиновска истакна дека жените и понатаму се соочуваат со пречки кога станува збор за напредувањето до највисоките раководни и одлучувачки позиции. 

– Овие пречки не секогаш се видливи. Понекогаш се содржани во корпоративната култура, во начинот на избор и унапредување, во недостигот на менторска поддршка или во претпоставката дека жените треба да направат компромис помеѓу професионалните и семејните обврски. Тука доаѓаме до суштината на секторите со кои раководам – енергетиката, рударството и минералните суровини, области што традиционално се перципирале како машки свет. Енергетската транзиција и економскиот развој се случуваат денес. Не можеме да си дозволиме талентот, знаењето и потенцијалот на половина од општеството да останат недоволно искористени – рече министерката.

Реклама

Според неа, родовата еднаквост е европска вредност, но истовремено и прашање на квалитетно корпоративно управување.

– Од моето над дваесетгодишно искуство во меѓународниот бизнис и енергетиката, знам дека ова е и прашање на економска логика, конкурентност и отпорност. Кога жените рамноправно учествуваат во носењето одлуки, компаниите добиваат поширока перспектива, поквалитетни одлуки и поголема способност да одговорат на економските предизвици – нагласи Божиновска.

Како што напомена, акцентирајќи ја состојбата на компаниите во енергетиката и рударството, еднаквите можности не се создаваат сами од себе. Потребни се, рече, транспарентни правила, одговорно раководење и резултати што може да се измерат.

– Прво, компаниите треба да воведат јасни цели за поголема застапеност на жените во раководните структури и управните одбори. Напредокот мора редовно да се следи и да биде дел од извештаите за корпоративно управување. Истовремено, потребни се транспарентни критериуми за вработување и унапредување. Изборот на раководни кадри мора да се темели на знаење, искуство и резултати. Второ, неопходни се менторски програми, професионални обуки и можности за развој на лидерски вештини. Трето, неопходно е активно градење кадар уште од најрана фаза преку вложување во СТЕМ-образованието, стипендирање и платени пракси за студентките од техничките факултети, како и воведување структурирани менторски програми внатре во компаниите. И, четврто, мора да се развива работна култура што овозможува усогласување на професионалниот и приватниот живот, еднакво вреднување на трудот и нулта толеранција за дискриминација и вознемирување – потенцира министерката.

Таа особено ја нагласи потребата од партнерство со образовните институции.

– Треба уште од средното образование да ги охрабруваме девојките да избираат инженерство, геологија, рударство, енергетика, информатички технологии и други технички професии. Треба да им покажеме конкретни примери на успешни жени и да им овозможиме директен контакт со компаниите. Но, за да бараме промени од приватниот сектор и од државните енергетски компании, ние како институција мораме први да дадеме личен пример. Од моето именување за прва министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, постојано се залагам за поголема видливост, професионално зајакнување и активно вклучување на жените во енергетиката и рударството. Посебно внимание посветуваме на младите генерации. Работиме на иницијативи и менторски активности со студентки од техничките факултети за да им покажеме дека енергетиката и рударството не се затворени професионални светови, туку сектори во кои може да градат успешни кариери и да станат идни лидери. Во Министерството настојуваме да покажеме дека еднаквите можности треба да бидат видливи и во самите институции. Родово балансираниот состав и учеството на жените на раководни позиции се важни, но вистинскиот успех се мери и преку нивното влијание врз одлуките – рече Божиновска.

Информира и дека МЕРМС потпиша меморандум за соработка со регионалната мрежа WOBA, а таа ја прифатила и улогата на амбасадорка на WOBA за Македонија.

– Тоа партнерство го гледам како можност за повеќе компетентни жени во управните и надзорните одбори и за подобри стандарди на корпоративно управување. Дополнително, во соработка со агенциите на Обединетите нации (УНДП и UNECE) ја воспоставуваме и Мрежата за жени во енергетската дипломатија, со што го позиционираме Скопје како регионален центар, каде што женското лидерство има клучен глас во креирањето на енергетските политики – рече Божиновска.