Реклама

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Економија

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

Од аспект на денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз и иницирањето на вонредна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од аспект на денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз и иницирањето на вонредна седница поврзана со семејното насилство, нашиот став како пратеничка група е дека истата ќе ја поддржиме, бидејќи она коешто се кажа на прес-конференцијата од аспект на бројките е точно.

Точно е дека за 70 проценти е зголемен бројот на пријави за семејно насилство и за 50 проценти е зголемен бројот на поднесени кривични пријави, се вели во соопштението на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава на пратеникот Бојан Стојаноски.

Тоа не значи дека претходно семејното насилство било отсутно, туку тоа значи дека сега граѓаните имаат повеќе доверба во институциите истото да го пријавуваат, а секако за тоа придонесоа и измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, каде што семејното насилство се гони по службена должност, што придонесе овој број да биде поголем.

Реклама

Што е нашата суштина?

Нашата суштина е дека ние сакаме да дизајнираме, и во голема мера досега имаме успеано, но сè уште имаме многу работа, систем којшто комплетно ќе го намали бројот на овие пријави, бидејќи сигурни сме дека нема да исчезне, но нашата работа е да ја намалиме до најмали можни граници веројатноста дека тоа ќе се случи.

Луѓето коишто денеска ги видов на прес-конференцијата, исто така, во изминатите години беа одговорни за дизајнирање на тој систем, но видовме дека не направиле апсолутно ништо.

Така што, ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговараме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до Јавното обвинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени сè уште немаат судска разрешница, како што очекуваат граѓаните.

Во однос на надзорната расправа, ние побаравме утре да бидат повикани двајца сведоци, едниот предложен од Левица, Трифун Костовски, кој треба да биде прв, и поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, за која веруваме дека има и поседува многу информации коишто може да ги даде за комплетно да се расветли овој случај.

Ние кажавме, гласавме за одржување на надзорна расправа со еден единствен став дека таа треба да се одржи што е можно побрзо.

Целото ова чекање и губење време и денови оди во насока на тоа СДСМ само да добие време за да има тема во јавноста.

Во однос на изјавата на претседателката на Комисијата и на СДСМ дека утре голем дел од гостите нема да дојдат, треба да знаат дека одговорноста за организирањето на надзорната расправа е кај нив.

Тие се одговорни за организацијата и за доаѓањето на гостите, како и за комуникацијата со истите.

Несериозно е вие да организирате надзорна расправа, а од денеска за утре да ги каните сведоците.

Затоа неколкупати баравме, ќе ви поддржиме сè што ќе побарате. Дојде и Мицкоски, иако беше ненадлежен, и беше прв. Сите сведоци коишто тие ги побараа навремено, ние им ги обезбедивме.

Но, ајде малку посериозно, ајде таа надзорна расправа утре да заврши, да усвоиме заклучоци и конечно да ставиме крај на целата оваа тема, којашто навистина се шири врз основа на лажни претпоставки во јавноста од страна на СДСМ.