Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Економија

Стојаноски: Сите четири еврообврзници што достасуваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот на владеењето на СДСM и ДУИ

Сите четири еврообврзници што достасуваат од 2025 до 2028 година се издадени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите четири еврообврзници што достасуваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот на владеењето на СДСM и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува изјавата на пратеникот Бојан Стојаноски.

7 години – 3 еврообврзници.
4 години – 4 еврообврзници.

Бројките ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Реклама

Во периодот 2017 – јуни 2024 биле отплатени 3 еврообврзници во вкупна главнина од 1,22 милијарда евра. За 7 години мандат.

Во периодот 2025 – 2028, за само четири години, достасуваат 4 еврообврзници во вкупна главнина од 2,4 милијарди евра, од кои 1,2 милијарда евра веќе се отплатени, а уште 1,2 милијарда евра следуваат во 2027 и 2028 година. За 4 години мандат.

И ова е само главнина, без камати.

За четири години достасува речиси 100 % поголема главнина од еврообврзници отколку што била отплатена во претходните седум години.

И уште еден клучен факт: сите четири еврообврзници што достасуваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот 2018 – 2023.

Затоа, кога се зборува за јавниот долг, мора да се каже целата вистина:

За 7 години – 3 отплатени еврообврзници.

За 4 години – 4 еврообврзници за сервисирање.

Не е исто кој создава обврски и кој мора да ги сервисира кога ќе достасаат.

Одговорност значи обврските да се плаќаат навреме, а државата истовремено да продолжи да инвестира и да се развива.