Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Најтопло утрово во Демир Капија, најстудено на Попова Шапка

Најтопло утрово е во Демир Капија, а најстудено на Попова Шапка, покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најтопло утрово е во Демир Капија, а најстудено на Попова Шапка, покажуваат денешните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.

Еден Целзиусов степен е евидентиран на Попова Шапка, 5 – Маврови Анови, Лазарополе, 6 – Скопје-Петровец, Струмица, Крушево, 7 – Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 8 – Тетово, Берово, 9 – Охрид, Претор, Прилеп, Велес, 10 – Крива Паланка, 11 – Битола, Виница, 12 – Штип, а 13 Целзиусови степени во Демир Капија.

Изминатите 24 часа до 7 утрово, најмногу дожд, 20 литри на квадратен метар, наврнало во Лазарополе. Потоа следуваат 16 – Маврови Анови, 8 – Попова Шапка, 7 – Пожаране, 6 – Охрид, 3 – Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 – Тетово, 1 – Крушево, Велес.

Реклама

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, поради продор на постудена воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец, што наместа ќе надминува брзина од 70 километри на час. Се очекува максималната температура да биде во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, најавено е променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.