Државата прави се што е во нејзина недлежност за да обезбеди механизми со кои ќе се застане на патот на семејното насилство. Системските измени се во фаза на подготовка и многу скоро ќе се најдат пред пратениците, но тоа само по себе не значи дека проблемот ќе изчезне или дека преку ноќ резултатите ќе бидат толку видливи за да може да се зборува за семејното насилство како затворена тема. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски без политички калулации го изнесе свотето видување за справувањето со семејното насилство кое речиси секојдневно го полнат медиумскиот простот. Тошковски порача дека а институционалните промени се неопходни, но за нивните ефекти да станат видливи е потребно време, а важна ќе биде улогата на општествот кое мора да се приклучи кон подигнувањето на јавната свест, за жените и децата да се чувствуваат најбезбедно токму во својот дом.
- „Ако жената во својот дом не може да се чувствува најбезбедно, ако децата во својот дом не можат да се чувствуваат најбезбедно, тогаш каде би се чувствувале најбезбедно?!“, посочи Тошковски.
Како еден од клучните предуслови за поефикасно постапување е дигитализацијата на системот за евидентирање на овој вид кривични дела. Министерот смета дека сериозен чекор напред е се поизразената храброст на жртвите да го пријават насилството.
Полицискиот билтен секојдневно е исполнет со десетици инциденти на територија на цела Македонија. Последниот случај е од Кочани каде 40 годишен маж физички ги нападнал сопругата и малолетните деца, кои ги биле вознемирани и уплашени за соспствениот живот. Речиси идентичен напад е пријавен ви во Гостиварско каде 35 годишник е осомничен и за нанесување телесна повреда. Тетовец пак не почитувал судска одлука за да не и се приближува на сопругата. Осомничени за напади и закани по жените се и еден маж од Крива Паланка и друг од Битолско.
МВР, Обивинителството и Министерството за социјална политика договорија итно постапување о низата случаи на фемицид во Македонија. Секоја пријава за семејно насилство веднаш да биде доставена до обвинителите,
Институциите треба итно да обезбедуваат медицински вештачења за повредите, да вршат процена на ризикот и навремено да ги прибираат потребните докази. Целта е побрзо донесување обвинителски одлуки, навремена заштита на жртвите и ефикасен кривичен прогон на сторителите.
За соодветен инститицуален одговор зборуваше и премиерот Мицкоски кој порача дека во него младите секогаш ќе најдат соговорник за оваа сериозна општествена девијација која мора да се сосече во корен.

