ВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните. До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.
На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.
Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира.
ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери.
И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин.

