Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Три мерки за младите: поевтини станови, куќи без комуналии и студентска картичка

Најмалку 10 проценти од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 10 проценти од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде наменета за млади брачни парови до 35 години, по цени најмалку 20 проценти пониски од пазарните, целосно ослободување од комуналии за младите парови кои ќе градат куќа и воведување студентска картичка со попусти од најмалку 20 проценти за производи и услуги, се трите мерки што ги најавува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопштуваат од партијата, мерките се насочени кон подобрување на условите за живот на младите, полесно решавање на станбеното прашање и зголемување на финансиската поддршка за студентите.

Првата мерка предвидува најмалку 10 проценти од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде наменета за млади брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Обврската ќе биде регулирана со закон, а градежните компании ќе треба да ја исполнат за да добијат дозвола за градба.

Реклама

Втората мерка предвидува целосно ослободување од комуналии за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат сопствена куќа. И оваа мерка ќе биде законски регулирана и ќе важи на територијата на целата држава.

Третата мерка се однесува на студентите и предвидува воведување студентска картичка како дел од апликацијата М-услуги, преку која ќе добијат најмалку 20 проценти пониски цени за студентски оброк, но и за низа други производи и услуги.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека со новиот модел поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе биде проширена со дополнителни поволности за намалување на секојдневните трошоци.

– Овие три мерки се дел од определбата на ВМРО-ДПМНЕ да понуди конкретни решенија за реалните потреби на младите, наместо политиката да се сведе на празни ветувања и декларативна поддршка. Нашата цел е младите да имаат услови да формираат семејства, да обезбедат сопствен дом, да се образуваат и да ја градат својата иднина во Македонија, наведуваат од партијата.