Реклама

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Tоп

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

За 48 часа дури 27 пријави за семејно насилство, закани со оружје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 48 часа дури 27 пријави за семејно насилство, закани со оружје, физички напади, инциденти со изнуда. Долгогодишно малтретирање на жена и застрашување со оружје во Тетово, закани со нож кон двајца синови во Скопје, лихварство кое завршило со тепачка во Струмица. И ова не се изолирани случаи. Полицискиот билтен полн со напади врз родители, сопружници и колеги, но и инциденти на работното место и на улица. Врие и од пријави за тепачки меѓу деца горење со цигара и секаков друг вид на меѓуврсничко насилство.

Лутината, нервозата и фрустрации наместо со разговор, сè почесто се претвораат во агресија. Сè помалку се наоѓа разбирање, а речеси секогаш семејните, но кои било други расправии завршуваат со тепање. Допрва се правата аназили дали станува збро за голем пораст на насислтвото, дали е охрабреноста за пријавување, или едноставно брзото ширење на информации преку социјалните мрежи. Психологот Мирјана Јованоска Стојановска вели дека е потребно детално истражување за причините и неопходна е и поголема општествена грижа, поддршка и превенција.

  • „Дали е тоа последица на некој страв што се развива во нив или, мислам би требало да направиме, нели, едно добро истражување во нашето население, да видиме како се чувствуваат, што се случува со луѓето тука во нашата земја. Ама очигледно дека има недостиг на развиени механизми за справување со сопствените емоции и дека насилството сѐ почесто се зема како опција како да се справат со сѐ она што не можат внатре да го покажат тоа на надвор“вели Мирјана Јовановска Стојановска – Психолог.

Јовановска Стојановска предупредува дека само зголемувањето на казните не е гаранција дека насилството ќе се намали. Потребен е паралелен пристап во кој казнувањето ќе биде проследено со превенција, грижа и активности за промена на моделите на однесување.

Реклама
  • „Но имаме дел од населението каде што казните може ќе бидат, суровоста да кажам или ригидноста на системот ќе биде како мотивација да се борат против системот и против наметнување на такви строги правила. Значи, казните не секогаш гарантираат дека навистина ќе се намали криминалот. Паралелно со казните би препорачала да се покаже и грижата за населението, за луѓето кои работат и живеат и ги плаќаат даноците во оваа држава, како да им помогнеме да се справат со животот“ вели Мирјана Јовановска Стојановска – Психолог.

Во фаза на донесување се системски измени за поефикасно справување со семејното насилство. Институционалните промени се неопходни, но нивните ефекти не можат да се очекуваат веднаш, порачува министерот Тошковски. Тој вели дека од особено значајна е и улогата на општеството во подигнувањето на јавната свест.Во меѓувреме, МВР, Обвинителството и Министерството за социјална политика договорија итно постапување во случаите на семејно насилство и фемицид.

https://youtu.be/aRXUY8cYOv4