– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.И. (66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 5 ноември 2026 година на улицата „Борис Кидрич“, пред Зелениот пазар во Тетово, пријавената во три наврати се обидела да пушти во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра.

