Ахмети им пиша на Шаќивари, на САД, ЕУ, НАТО, но и на Тирана и Приштина: се жали за полагањето на правосудниот испитОбвинувајќи ја Владата дека во изминатите повеќе од две години ги ограничува колективните права на Албанците Ахмети се обрати и до САД, Европската Унија, НАТО, како и до властите во Тирана и Приштина, повикувајќи се на Охридскиот рамковен договор. Лидерот на ДУИ тврди дека се подготвува решение кое пред Венецијанската комисија би било претставено како напредок, а според кое правосудниот испит би се полагал делумно на албански, а делумно на македонски јазик.
„Сакам да бидам многу јасен: таквото решение не е чекор напред. Тоа е чекор назад, деградирање на стекнато право и, доколку се претстави како унапредување на јазичните права, претставува акт на предавство кон Албанците и кон самиот Закон за употреба на јазиците“, наведува Ахмети.
Тој тврди дека во текот на оваа недела во Министерството за правда се одржуваат координативни состаноци, во кои се вклучени и Инспекторатот за употреба на јазиците и Агенцијата за примена на јазикот, со цел да се усогласат институционалните ставови во корист на предложеното владино решение.

