Реклама

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Македонија

Средба Гаши – Јандроковиќ во Загреб: Продлабочување на парламентарната соработка и реафирмирање на силната поддршка на нашиот европски пат

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој на покана на претседателот на Хрватскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој на покана на претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, престојува во возвратна официјална посета на Република Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со својот домаќин, на која присуствуваа и Армин Хоџиќ, потпретседател на хрватскиот парламент и Андро Крутуловиќ Опара, претседател на Комисијата за надворешна политика.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични односи, кои се карактеризираат со искрено пријателство, доверба и меѓусебна почит. Од наша страна беше изразена благодарност за силната и континуирана поддршка на Република Хрватска за нашата стратешка цел за полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беше потврдена важноста на парламентарната соработка и подготвеноста за интензивирање на соработката како меѓу групите за соработка така и за воспоставување поблиско партнерство меѓу службите на двата законодавни дома за прашања поврзани со процесот на пристапување и членство во Европската Унија. Воедно, беше посочено дека продлабочувањето на институционалните врски и редовната размена на искуства и мислења претставуваат основа за натамошно унапредување на севкупните и билатералните односи.

Реклама

Беше истакнато значењето на континуираната поддршка од Хрватска во однос на доследното спроведување на реформите поврзани со членството во Европската Унија и во таа насока беа посочени 17 твининг-проекти веќе спроведени и четири кои се во тек во разни области, со акцент дека поддршката на нашиот европскиот пат со силен интензитет ќе продолжи и во иднина.

Претседателот Гаши информира и дека договорот за стратешка соработка меѓу владите на двете земји, потпишан на 26 мај 2026 година во Охрид, како основа за продлабочување на долгорочното партнерство и унапредување на билатералните односи преку зајакнување на економската, институционалната и секторската соработка, со конкретни придобивки за двете држави, помина на Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, како и дека е ставен на дневен ред на пленарна седница на 1 декември, кога и се очекува да биде донесен.

Во состав на делегацијата што ја предводи Гаши се и претседателката на пратеничката група за соработка со парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на групата: Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати.

Дел од официјалната посета беше и посетата на Споменикот на татковината, меморијален комплекс посветен на независноста на Хрватска и на луѓето што придонеле за создавањето на самостојната хрватска држава, каде што претседателот Гаши положи цвеќе.