Реклама

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Македонија

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови

Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешните генерички обуки за административните службеници во Охрид, нагласувајќи дека суштината на реформата на јавната администрација не е само во промената на законите, туку во конкретната промена што граѓаните ќе ја почувствуваат преку поквалитетни услуги, поголема ефикасност и одговорни институции. 

Како што соопштуваат од Министерството за јавна администрација, министерот потенцирал дека државата не може да биде силна без професионални и компетентни луѓе во институциите, поради што Министерството инвестирало во континуираното унапредување на знаењата и вештините на административните службеници.

-Oбуките се насочени кон три клучни области: менторство, комуникациски вештини, еднаквост и недискриминација, со посебен акцент на нивната практична примена во секојдневното работење и односот со граѓаните. Нашата цел е институции кои нема да бидат пречка за граѓаните, туку нивна поддршка. Институции кои нема да го трошат времето на граѓаните, туку ќе го почитуваат – порача Минчев, посочувајќи дека професионалниот развој мора да стане траен и системски процес, достапен за секој административен службеник, независно од институцијата и местото каде што работи.

Реклама

Во таа насока, Министерството интензивно работело на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, која ќе започне со работа на почетокот на 2027 година. Академијата ќе претставува нов институционален модел за континуирано учење, развој на компетенции и унапредување на професионалните стандарди. 

Минчев се осврнал и на пошироките системски промени што ги спроведува Министерството, меѓу кои и новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои се поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност. Тој потенцирал дека раководните позиции мора да носат одговорност за резултатите, а професионалниот придонес, компетентноста и интегритетот да бидат вистинската мерка за напредување и вреднување во институциите.

-Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“ истакна министерот, нагласувајќи дека реформата на јавната администрација е заедничка одговорност на сите институции и административни службеници. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање услови во кои знаењето, стручноста и професионалниот интегритет ќе бидат најголемата вредност на секоја институција. Преку континуирана поддршка, нови можности за учење и вложување во човечките капацитети, Министерството докажува дека квалитетот на јавната администрација започнува од луѓето, а се потврдува преку нивната работа, однос и одговорност кон граѓаните, се наведува во соопштението.