Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски остварија средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници предводени од претседателот Димитар Кавраков.
На средбата стана збор и за изработката на национална стратегијата за туризам, соопштија од Општина Битола.

Со цел да се подобрат условите за престој на странските туристи во Битола, Скопје и Охрид, но и други туристички места во државата, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници детектира недостатоци и понуди решенија за развојот на туризмот во Општина Битола како град со богато културно наследство.
Општина Битола и Македонската асоцијација на туристички водичи наскоро ќе потпишат меморандум за соработка, најавија од тамошната локална самоуправа.

