Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Прилози

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Наместо жената да живее во страв за сопствениот живот, насилникот да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо жената да живее во страв за сопствениот живот, насилникот да биде тој што ќе мора да го напушти домот. По серијата фемициди што ја потресоа Македонија годинава, граѓанските организации излегоа со барања за поефикасна заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство.

Меѓу предложените законски измени е полицијата да добие овластување веднаш да го отстрани насилникот од домот во случај на напад врз партнерката. Исто така, да му се забрани комуникација со децата, кои се исто така жртви и сведоци на насилството, и да се воведе систем за електронско следење на сторителите на кои им се изречени привремени мерки за забрана за доближување.

„Согласно со овие барања, а и кога зборуваме за заштита на жртви на насилство, мораме да имаме на ум дека за да се обезбеди соодветна заштита, потребно е да постои национален сеопфатен систем на специјализирани сервиси. Тие сега не постојат или постојат во исклучително мал број“, изјави Елена Димушевска од „Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“.

Реклама

Досегашните анализи покажуваат дека државата треба итно да ги зајакне механизмите за заштита на жртвите и да обезбеди доследна примена на законските мерки на терен. Според пресметките, потребни се 7 милиони евра годишно за да се обезбеди соодветна заштита на жените и децата.

„Затоа барањето е да се почне со оваа сума за да се почне со воспоставување на овој систем, ако сакаме да говориме за нулта толеранција за насилство врз жените“, изјави Елена Димушевска „Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“.

„Од случајот со Ивана и Катја имаше информации дека неколку полициски службеници ќе бидат кривично гонети. За случајот со Росица дури сега добивме информација дека ОЈО поднесе обвиненија за 8 или 9 полициски службеници кои што, всушност, го затајувале предметот и пријавите кои доведоа до убиството на неа и нејзиниот татко. Нашето барање е во сите овие фемициди што се случија и обиди, институциите кои се надлежни да го испитаат постапувањето, да видат, да проценат дали е направена соодветна проценка на ризик и дали воопшто е направена и кој е одговорен и треба да одговара за таквите пропусти“, изјави Наташа Петковска – Хелсиншки комитет за човекови права.

Само годинава во Македонија се случија седум фемициди врз жени кои не успеале да добијат соодветна заштита од насилниците. Од јануари евидентирани се вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство со 1.144 жени жртви, како и 3.869 поплаки со 2.567 жени жртви. Од вкупно 1.388 пријавени сторители, 1.278 се мажи.