Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Прилози

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Нема веќе чекање 40 минути за брза помош.  Главниот град добива самостоен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе чекање 40 минути за брза помош.  Главниот град добива самостоен центар за итна медицинска помош.Центарот ќе има  сопствено раководтвсо , буџет и планирање. Министерот Клековски вели дека со ова ке се обезбеди итна и функционална медицинска помош посебно во главниот град каде што притисокот е најголем.

– Тоа осамостојување треба да воспостави една здрава основа за работа во итна медицинска помош и во ургентна медицина севкупно и да биде институцијата која ќе ги води другите два процеси а тоа е националниот индекс и протокол за тријажа– вели Министерот за здравство Сашо Клековски.

Вториот е   формирање на  национален диспечерски центар за координирање според  итноста на повиците но и достапноста и близината на тимовите.

Реклама

-Националниот индекс или протокол за тријажа не се унифицирани на територијата на цела земја и не се јавно комуницираат. Бидејќи во еден момент ние треба тие работи да ги комуницираме со јавноста да се знае што е црвено неопходно за итнареакција, што е жолто што може да почека еден или два часа и што е зелено што може да се одложи за утре дента или да го посети патронажна сестра да го заврши–вели Министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски додаде дека до 2030 година Итната помош ќе добие плус 300 вработени.  Минатиот месец главниот град доби 20 амбулантни возила, а најавена е набавка на уште 50 со што ќе се намали чекањето за брза интервенција.