-Во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип реализирани се пет нови вработувања. Директорот на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов денеска изјави дека годинава се реализирани вработувања на три медицински сестри во Итната медицинска помош, еден возач на амбулантно возило и еден лекар во Затвор-Штип. Андонов посочува дека и покрај новите вработувања сè уште има недостиг од медицински кадар, особено од лекари во Итната медицинска помош и медицински сестри во превентивната здравствена заштита.
-Во склоп на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“- Штип имаме 85 вработени, тоа се медицински персонал и помошно технички персонал. Оваа година реализиравме вработување на три медицински сестри во службата на Итната медицинска помош, еден возач на амбулантно возило и еден доктор во Затвор-Штип. За наредната година се предвидени вработувања во Итната медицинска помош на доктори по општа медицина, бидејки таму да речеме дека сме слаби по кадарот, бидејки има пет доктори по општа медицина и шест доктори договр на дело, кои што го покриваат тој недостаток на лекари. Инаку,во глобала имаме потреба од медицински персонал и тоа пред се средно медицински персонал – медицински сестри во делот за превентивна здравствена заштита, значи за вакцинација, во патронажните служби.Така да се надевам дека во текот на наредната година ќе имаме реализација на такви вработувања-вели Андонов.

Тој додаде дека за наредната година се планираат нови вработувања на околу четири медицински сестри, двајца хигиеничари и еден возач на амбулантно возило.
-Па ние секоја година правиме план за вработување за наредната година, така што потребни се некаде околу четири медицински сестри, има потреба и од две хиегиничари, возач на амбулантно возило. Тоа е нормален процес дел од вработените заминуваат во пензија.Така да тие се вработувањата што би ги очекувале наредната година-рече Андонов.
Тој додава дека со новите вработувања се очекува зајакнување на кадровскиот капацитет на установата и унапредување на здравствените услуги за граѓаните.

