Со традиционална крводарителска акција во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Штип го одбележува Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.
Пратеникот во Собранието, воедно и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Штип, Душко Иванов истакна дека ова крводарителска акција станува традиција и се реализира во соработка со Центарот за трансфузиолоија во Штип.
-Мотото на годишната акција е „Подари го она највредното, подари живот“ и би сакал да го честитам празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба на сите наши сограѓани – рече Иванов.
Граѓаните кои се вклучија во акцијата порачаа дека дарувањето крв е наша заедничка обврска, бидејќи никој од нас не знае што носи утрешниот ден. Крводарителите потсетија дека секој еден човек може да стане пациент, па затоа е најважно да сe помогне и да се спаси живот, кога има можност.

