Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ЗНАМ: Нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер

На Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за  улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија, се вели во партиското соопштение.

Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади.

Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две 
тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање.

Реклама

Првата изборна конференција на Клубот на млади, која ќе се одржи утре во рамките на кампот, е предвидена со Акцискиот план на Движењето за 2026 година. Со неа се заокружува досегашната иницијатива и се отвора можност за понатамошен развој на младинската структура, преку која младите ќе можат поактивно да се вклучат во работата на ЗНАМ.

ЗНАМ ја потврдува важноста на континуираната едукација и личниот развој на младите луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Политичкото учество подразбира знаење, посветеност и конкретна работа, а токму тие вредности се во фокусот на активностите што ги обединуваат младите на Пелистер.

Вториот младински камп на ЗНАМ испраќа јасна порака: младите не се само иднината на Македонија, тие се гласот, енергијата и двигателот на промените што се случуваат денес.