Реклама

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Македонија

Инвестициите на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Николоски вели дека извозот е приоритет за домашната економија

Инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Македонија бележи раст на економијата, цената на горивото е убедливо најниска не само во целиот регион туку во цела Европа. Владата продолжува да го стимулира извозот зашто тоа е прв приоритет за домашната економија – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот за глобална трговија и раст 2026, што го организира Швајцарската комора на Македонија.  

Како што истакна Николоски, извозот е приоритет зашто доколку се ограничиме само на домашниот пазар, тогаш би биле далеку и од ова ниво на економски раст што го имаме сега.

null

– Извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании што имаат инвестирано продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании што сакаат да инвестираат, но она што ми е исто така особено драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период – потенцира Николоски.

Реклама

Според него, цената на железничките услуги што ги даваат „Македонски железници – Транспорт“ исто така се најевтини и најконкурентни во регионот.

– Мислам дека наша задача во следниот период ќе биде да ги одржиме овие цени имајќи ги предвид глобалните предизвици – рече Николоски.

Владата, додаде, останува силно посветена на поддршка на домашните, но и на странските компании.

Николоски укажа дека дополнително треба да се работи на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари.