Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Промовиран Водич за пациентки со рак на дојка од дијагноза до закрепнување „Јас сум пеперутка“

Водич за пациентки со рак на дојка од дијагноза до закрепнување „Јас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водич за пациентки со рак на дојка од дијагноза до закрепнување „Јас сум пеперутка“ изготвен од здруженијата Хема-Онко и Фемина – М со помош и поддршка од лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија, Институтот за патологија, Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и неколку компании беше промовиран синоќа во Скопје.

Ова е прв ваков водич кај нас што ќе им овозможи на новодијагностицираните пациентки со рак на дојка полесно да го минат патот од лекување до закрепнување. 

Водичот е насловен „Јас сум пеперутка“ и е на македонски и на албански јазик. Содржи објаснувања што значи дијагнозата, како изгледа патеката на лекувањето, што е нормално, а што не, кога треба да се јавите на лекар, како изгледа следењето на терапијата, кои права им следуваат на пациентките и како да се грижат за себе, за телото и за умот.

Реклама

Во неа се следи приказната на Ана Марјановиќ, една од лидерките на Здружението Хема-Онко која се лекувала од рак на дојка и која заедно со жените од групата „Пеперутки“ и Хема-Онко со помош на лекарите го изготви овој водич чија единствена цел е да им помогне во лекувањето на жените со рак на дојка. 

– Ништо од ова немаше да биде ако не беа „Пеперутките“, оние кои ми ја подадоа првата рака. За жал дел од нив не се денеска меѓу нас, меѓутоа нивното водење е она што мене ми помогна и ме инспирираше да помогнам понатаму и јас – рече Марјановиќ. Таа посочи и на лекарите кои ја поддржувале во целиот процес на изготвување на Водичот.

Марјановиќ истакна дека замислата е секоја жена на која ќе и биде дијагностициран рак на дојка да ја добие во моментот на добивањето на дијагнозата се со цел, како што вели, за да сфати како постојат начини како подобро да се разбере она што понатаму ќе и се случува.

– Сметам дека само информирани пациенти се пациенти кои можат да го поминат овој пат посреќно и позадоволно – рече Марјановиќ.

Министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека и додека бил директор на Фондот за здравство соработувал со Здружението Хема-Онко и се обидувал да им помогне на пациентите со рак, но дека парите секогаш не се главниот проблем.  

– Јас чуствувам дека најмногу сум направил за пациентите на Онкологија, ама некогаш сум најмногу критикуван од нив, но јас тоа го прифаќам – рече министерот.  

Посочи на зголемениот буџет на Клиниката, како и дека опфатот посебно со имунотерапија е значително зголемен, но оти проблемите не се решија.

– Незадоволството е се уште тука и мислам дека тоа ја отвори дебатата што друго недостасува. Посебно ми е драго што со Хема-Онко отворивме еден процес посветен на предизвиците на хематологија и онкологија кој се надевам многу брзо ќе резултира со национална програма за борба против ракот, што ќе биде работена со меѓународна поддршка и странски организаци – рече министерот. 

Моето животно искуство, додаде Клековски, кажува дека и со тие планови дел од тие работи нема да се решат и оти решението на тие „меки елементи“ се токму во изданија како Водичот за пациентките со рак на дојка од дијагноза до закрепнување.

Тој смета дека можеби следниот чекор на Здружението Хема-Онко треба да биде линија за поддршка на овие пациетки.

– Мислам дека неизвесноста и незнаењето што да се направи е полошо од самата болест – рече министерот за здравство, додавајќи дека како министер ќе ги поддржи тие процеси. 

На промоцијата на водичот им беа доделени благодарници на сите лекари и медицински сестри и персонал од Дневната болница на онкологија што секојдневно  им помагаат во лекувањето на пациентите со рак, и помогнаа во изработката на Водичот.